Со претстава за Универзална сала вечерва се отвара 45-от МОТ

„Универзална во пламен – трагедија во шест декади“ е претставата со која вечерва се отвора 45-от по ред Млад отворен театар (МОТ). Изведбите ќе бидат во живо на сцената на МКЦ но и на Универзалната сала, ама и онлајн заради пандемијата.

Претставата за Универзална ќе има уште 4 изведби следните четири дена, во истиот термин како денеска, во 19 часот.
– Додека општеството дебатира дали еден објект во центарот на градот треба да се урива или не, ние на тоа одговараме со уметност. Немаме историска дистанца од општествениот проблем, што е особен предизвик, туку сме еден спроти друг со него и си го поставуваме прашањето која е улогата на уметноста сега во општеството и кое е тоа општество кое нé доведе до овде, велат Кристина Леловац и Филип Јовановски (кои се дел од тимот што победи на Прашкото квадринале за перформанс, дизајн и простор во 2019 година)

Млад отворен театар ќе трае до 3 декември и, покрај споменатата, ќе има уште две премиери.

Претходна вестСкопјани: Град Скопје да не го чисти снегот од депониите, барем за миг да е се бело
Следна вестСончево со умерени облачност и ветер