Кафулето во ТЦ Бисер, кое завчера вечерта неколку минути пред полноќ, беше пријавено дека дозволило журка на огромен број млади луѓе без маски и почитување протоколи – си доби 30 дена забрана за работа. Такво известување испратија надлежните до медиумите. Но синоќа, по 21 часот, во нашата редакција стигнуваа пораки дека кафулето си работи пак, и покрај тоа што има забрана.
-За каква правна држава ми зборувате?! Кафулето што без тронка грижа ги остави младите залепени еден до друг да пијат и да се журкаат, си работи најлабаво вечерва – како да нема да биде казнет газдата и како да нема забрана. Мизерија! – вели скопјанката М.А.
– Се згрозив од глетката по повеќе основи, но најмногу оти ми стана јасно дека младина, која е занесена по таква музика, е ужасно во погрешен правец и испуштена од раце!Што откако ќе заврши „коронава“? – вели Д.Р.
Реакции има многу уште многу. Прашањата кои висат се: ќе има ли одговорнoст за кафулето што работеше синоќа и покрај забраната од надлежните, ако некој така безгрижно не почитува одлуки на надлежни институции тогаш каков пример е за другите што го кршат законот, што ќе направат денеска надлежните во врска со неодговорното однесување на сопственикот…?
И не е само ова кафуле. Случаите со непочитувањето на заштитните мерки против корона вирусот, очигледно, се повторуваат на разни места во Македонија и надлежните треба да реагираат побудно.