Скопјанка дала 15.000 евра за операција на нејзиниот син, потоа сфатила дека е измамена

Скопјанка во полиција пријавила измама од скопјанец на кој претходно му дала 15.000 евра за операција на нејзиниот син.

– На 24.10.2023 во 20.25 часот во Полициска станица Гази Баба, 49-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од лице од Скопје, кому му дала 922.600 денари во врска со операција на нејзиниот син во болница во Турција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, известуваат од МВР.

Претходна вестПиколомини пред 334 години даде наредба да се запали Скопје, но градот феникс пак се издигна од пепелта
Следна вестНајмалку 16 убиени и над 50 ранети во пукањето во американската држава Мејн