Скопјанка го пријавила сопругот за насилство, но и тој ја пријавил неа, претходно се расправале

Маж и неговата сопруга меѓусебно се обвиниле во полицијата за семејно насилство кое, според пријавите, се случувало во семејниот дом во скопската населба Карпош.

Вчера во 14.30 часот, 36-годишна жена пријавила дека во семејниот дом на подрачјето на Карпош, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот 39-годишен сопруг.

Подоцна во текот на денот, во 19.30 часот, нејзиниот сопруг во полицијата пријавил дека во семејниот дом, по претходна расправија, бил физички нападнат од неа.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.

Претходна вестТаравари разрешен, Села повторно претседател на Алијанса за Албанците
Следна вестШкупи е нов лидер, Струга загуби два бода кај Работнички