Скопјанка нудела сексуални услуги во Битола

Скопјанка е уапсена во Битола откако била затекната како нуди сексуални услуги, информира полицијата.

-На 20.04.2024 во 21.45 часот на Градското шеталиште во Битола, полициски службеници од СВР Битола ја лишиле од слобода Б.М.(36) од Скопје, со привремен престој во Битола. Таа била затекната како нуди сексуални услуги, односно при оддавање на проституција. Против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок, стои во известувањето од СВР Битола.

Претходна вестМакедонците во Бугарија го чествуваа македонскиот великан Јане Сандански
Следна вестДимитриевски: Македонецот треба да се крене, да каже – Доста е!