Со народен собир ма кој присуствуваа Македонците од Бугарија и други гости во градот Мелник, Бугарија денеска беше одбележана 109-годишнина од убиството на великиот македонски водач Јане Сандански. Собирот која го организираше организација на Македонците во Бугарија ОМО “Илинден”- ПИРИН започна со одавањето на почитта на Јане Сандански пред неговиот гроб кај Роженскиот манастир на кој беа положени венци и цвеќе. Потоа се одржа собирот пред споменикот на македонскиот револуционер во градот Мелник и на кој зборуваше Борис Сандански, внукот на Јане Сандански.
-Македонците во чест на нивниот заштитник – војводата Јане Сандански!, објави за чествувањето ОМО „Илинден“ – ПИРИН на својата Фејсбук страница.
Во објавата оваа организација на Македонци од Бугарија потенцира дека бугарското знаме кое било поставено на споменикот на Јане Сандански, пред кој се одржувало чествувањето, не било поставено од нивна страна.
Чествувањето, според информациите од ОМО „Илинден“ – ПИРИН се одвивало во присуство на големи полициски сили кои вршеа контрола на патниците во автобусите, проверуваа лични чарти и слично…
Поради своите идеолошки погледи, убиен е на 22 април 1915 година, а неговиот гроб се наоѓа до Роженскиот манастир во Бугарија. Секоја година на неговиот гроб се одржува традиционално семакедонско чествување. Остануваат запаметени неговите зборови: „Да живееш значи да се бориш: робот за слободата, а слободниот – за совршенството“.