Тешко повреден мотоциклист во Чаир

Малолетник е тешко повреден во сообраћајна несрећа што се случила вчера во општина Чаир, информира полицијата.

-На 20.04.2024 во 20.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Ќемал Сејфула“ со ул.„Павле Илиќ“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Б.(46) од Скопје и мотоцикл „априлија“ со скопски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Скопје, соопшти МВР.

Во несреќата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

 

Претходна вестОд Битола почна дистрибуцијата на гласачките ливчиња
Следна вестМакедонците во Бугарија го чествуваа македонскиот великан Јане Сандански