Од Битола почна дистрибуцијата на гласачките ливчиња

Денеска рано утрово од печатницата „Киро Дандаро” во Битола, во присуство на претседателот, потпретседателката и членовите на Државната изборна комисија (ДИК) се извршило примопредавање на доверливиот гласачки материјал од печатницата и започна неговата дистрибуција до 80 – те општински изборни комисии.

– Имаме 17 тима за изборниот материјал да биде поуспешно распореден и брзо дистрибуиран во општинските изборни комисии. Тоа е едно од последните дејства пред изборите. Пред нас останува најважното, предавање на изборниот материјал до изборните општински комисии, до избирачките одбори, кое е многу чувствително и мора да се спроведе во најдобар ред, бидејќи може да предизвика одговорност во општинските изборни комисии. Сите останати од роковникот ги спроведовме, рече Александар Даштевски, претседател на ДИК.

До вечер изборниот материјал ќе биде дистрибуиран до сите 80 општински комисии. Даштевски вели дека за претседателските избори се отпечатени 1.814.000 ливчиња, колку што се евидентирани гласачи во избирачкиот список.

-Процесот на изработка траеше околу 10 дена. Се работеше секој ден по 24 часа и беше под мониторинг на ДИК и ОБСЕ. На самото ливче има околу 20 заштитни знаци, кои се претходно договорени во тендерската документација со ДИК, додаде Даштевски

Претходна вестСистемот се гуши од неадекватни закони и превработеност со најчесто некомпетентни кадри
Следна вестТешко повреден мотоциклист во Чаир