Скопјанка уценувала маж со компромитирачки материјали – барала пари

Скопјанка уценувала маж дека ако не ѝ даде пари, ќе објави фотографии и видео со компромитирачка содржина на социјалните мрежи.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Џ. К. (31) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело уцена, казниво по член 259 од Кривичниот законик. Таа се сомничи дека го уценувала Д. И. (59) од Скопје оти на социјалните мрежи ќе објави фотографии и видеоматеријал со компромитирачка содржина доколку не ѝ даде пари.

По преземените мерки од полициски службеници при СВР Скопје, во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, Џ. К. била лишена од слобода и кај неа бил пронајден дел од парите што ги добила од оштетениот.

Претходна вестЕден загинат во пожар во стовариште во Куманово
Следна вестДали „оптималното решение“ за згради кај „Треска“ нема да го задуши и онака закрчениот дел од Скопје?