Скопје ќе се чисти со 10 нови машини-метлачки, ќе се набават уште 37

Со десет нови машини за метење на јавни и сообраќајни површини ќе се чистат скопските општини. ЈП „Комунална хигиена“ денеска ги промовира новите метлачки кои работат на принцип на вшмукувачки систем составен од вакуумски вентилатор, опремени со резервоар за вода со волумен од 200 литри.

– ЈП „Комунална хигиена“ ја одржува хигиената на шест милиони квадратни метри јавни и сообраќајни површини во градот Скопје, преку нивно секојдневно машинско и рачно миење и метење. Овие машини се дел од планираното големо обновување на возниот парк и механоопременоста на нашето претпријатие, рече директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Абдусамед Шабани.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов објасни дека пролетва треба да стасаат уште 37 возила за ова јавно претпријатие.

-Почнавме нов концепт на третман на комуналниот отпад во 2019 година кога беше набавена механизација, а ова е втора фаза. Сега во третата фаза пролетва ќе дојде остатокот од 37-те возила, со што ги подобруваме перформансите на јавното претпријатие, но и реално го намалуваме материјалниот трошок за негово работење, оти машините заменуваат жива сила која сега се користи за чистење, рече Шилегов.

Претходна вестНе се укинува субвенцијата на плати – останува како опција во петтиот пакет
Следна вестДневна ковид – статистика: 389 нови заразени и четири починати, нема смртен случај во Скопје