Со настап на натпреварувачи од 15 европски држави викендов во Скопје се одржува Дијамантскиот куп на Светската бодибилдинг федерација (ИФББ).
Натпреварувачи од Македонија, Грција, Турција, Бугарија и други земји ќе се борат за медали, ранкинг поени и особено за Елит Про лиценци. Настанот во Скопје е голем предизвик и мотивација за голем број аматери да учествуваат на него.
По повод одржувањето на меѓународниот натпревар, IFBB DIAMOND CUP SKOPJE 2021, во Скопје како дел од официјалните лица допатува и Хозе Мариа Гарсија од Шпанија, Претседател на судиската комисија на Европската бодибилдинг и фитнес федерација (EBBF), кој воедно ќе биде и главен судија на настанот.
Гарсија беше гостин и во Олимпискиот комитет на Македонија каде на претседателот Даниел Димевски му додели златен медал и благодарница за несебична поддршка во развојот на бодибилдинг спортот.