Зградата на Пошта лоцирана во центарот на Скопје влезе во потесниот круг на 12 загрозени објекти во Европа, информира денеска генералниот директор на „Пошта на СМ“, Јани Макрадули. Тој објасни дека изборот е извршен во конкуренција на околу 300 апликанти од разни европски држави.
-Ова претстваува претфинален избор во рамки на програмата 7-те најзагрзени за 2021 година, која ја спроведува Европаностра- Европскиот глас на граѓанското општество. Објекот на Пошта се најде меѓу 12 најзагрозени локалитети во конкуренција на околу 300 апликцаии од различни делови на Европа, од страна на интернационално советодавно тело, составено од експерти по историја, архиологија, архитектура, конзервација, проектни анализи и финансии, истакна Макрадули.
Објектот на „Пошта“ е вон употреба и оставен да пропаѓа по големиот пожар кој што се случил во 2013 година.
Финалната листа и првиот грант за 7-те најзагрозени објекти ќе биде позната и објавена почетокот на 2021 година.
-Доколку пошта биде избрана во овој финален круг апликанти, тоа ќе значи краткорочни и долгорочни планирања, кои ќе обезбедат трајно зачувување и повторно заживување на објектот и негово достојно предавање на идните генерации како заштитено културно и градителско наследство, нагласи Макрадули.
Тој информира дека една од краткорочните мерки ќе биде и поставување привремен покрив за да се спречи натамошното уништување на објектот.
-После повеќе години ги отвораме вратите за нова надеж на оваа некогашна главна шалтер сала на пошта. Овој најсилен симбол на постземјотресно Скопје, еден од најсветлите светски примери на модернизмот, граден по скопскиот земјотрес 1963 година, финализиран во 1974 година. Ова извонредно дело на македонскиот светски признат уметник Јанко Константинов, е многукратно наградуван проект во земјава и странство и изложен во МоМа во Њујорк. За жал, овој објект претрпе голема штета во пожарот во 2013 година. Куполата, внатрешните ентерниерни површини, специјално дизајнирани од Бошко Лазовски, фреските се уништени, истакна Макрадули.
Инаку, тој информира дека граѓаните од 1 март ќе можат своите сметки да ги плаќаат на шалтерите во „Пошта“, а договорот со „Халкбанк“ се очекува да биде потпишан до крајот на годината.