Убаво: Запуштениот простор зад бараките во населбата „11 Октомври“ стана зелен парк

Некогаш напуштениот простор во Кисела Вода, лоциран меѓу улицата „Лазар Димитров“ и железничката пруга, зад бараките во населбата „11 Октомври“, денес е нов зелен парк, на површина од околу 16.000 квадратни метри, информира денеска Градот Скопје.

На овој простор деновиве се засадени и околу 200 висококвалитетни дрвја кои веќе напролет треба да развијат крошни чии сенки ќе придонесат за намалување на температурата во жешките месеци.

-Овој простор, кој е во непосредна близина на центарот на нашиот град, со децении беше запуштен и на него се создаваа поголем број депонии со шут и отпад. На почетокот на годинава, екипите на Град Скопје го расчистија просторот, го израмнија теренот и засадија нова трева, а есенва се подигнати нови квалитетни дрвореди, се наведува во соопштението.

Претходна вестЗа десет години, 65.675 Македонци добиле бугарско државјанство
Следна вестСкопска Пошта избрана меѓу 12-те најзагрозени објекти во Европа, ќе се обнови ли со европски грант?