Во изминатово деноноќие на скопското подрачје санкционирани се 219 возачи кои направиле различни видови прекршоци, соопшти денеска МВР.
-Од нив 13 се казнети за возење без возачка дозвола, 10 мерки се за непочитување на брзината, 8 за нерегистрирани и технички неисправни возила, 8 санкции за поминување на затворен семафор (црвено светло), 4 за управување под дејство на алкохол, 14 мерки за користење на мобилен телефон, 8 за некористење на сигурносен појас и 88 мерки за непрописно паркирање, се наведува во инфорамцијата.
Сето ова покажува колку многу е потребна уште поголема контрола на сообраајот во Скопје. Има премногу несериозни возачи. Од МВР уверуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, но се чини треба да бидат поинтензивни.