И покрај намалените средства од Министерството за култура, но и најавите во март дека нема да може да се одржи, Скопскиот џез фестивал победи. Ќе се случува од 20 до 24 октомври, во МОБ и во Кино Фросина, и тоа ни повеќе ни помалку 40-то јубилејно издание.
Организаторите соопштуваат дека годинашното издание носи ексклузивна и уникатна програма – ќе настапат врвни џез музичари од земјата и светот, а како бонус се два документарни филмови: Aretha Franklin: Amazing Grace и Blue Note Records: Beyond The Notes.
Претходно, на 18 октомври, во галеријата на МКЦ ќе биде отворена изложба на сите постери од Скопскиот џез фестивал, насловена „Complicate siply“.