Скопските бадникари засадија 30 млади стебла, прославуваат 30 години постоење

По повод 30 години постоење, скопските бадникари денеска во месноста Говрлевска Краста засадија 30 млади стебла даб.

Иницијативата со активен придонес и учество е на почесниот член на Одборот и поранешен кум Љупче Николовски.

– На јужните падини на Водно во месносста Говрлевска Краста каде што со години собираат бадникови гранчиња што ги делат пред Соборниот Храм Свети Климент Охридски на 6-ти јануари во пресрет на Бадник и големиот Христијански празник Божик, со помош на луѓето од Општина Сопиште, стручни совети и помош од Коле Василевски од земјоделскиот факултет најпрвин е извршена опсежна подготовка на теренот кој е мошне каменит и специфичен и активниот ангажман на бадникарите од сите генерации 30 млади стебла даб беа посадени и полеани со првата капка вода, се вели во соопштението од скопските бадникари.

Скопските бадникари слават 30 години постоење и активност во рамките на нивната заложба за зачувување и негување на традициите на нивниот сакан град.

Претходна вестЗаштитата од диво сечење на шуми не е доволна, а треба и пошумување
Следна вестТинејџери излетале со „опел вектра“ од патот Битола-Пелистер