Тинејџери излетале со „опел вектра“ од патот Битола-Пелистер

Осумнаесетгодишник е тешко повреден во сообраќајна несреќа која се случила вчера на патот Битола-Пелистер.

-Пред с.Магарево патничко моторно возило “опел вектра“ со битолски регистарски ознаки, управувано од В.Е.(18) од Битола, излетало надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Ф.Р.(18) од Битола, констатирани во Клиничката болница во Битола, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

Претходна вестСкопските бадникари засадија 30 млади стебла, прославуваат 30 години постоење
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: За ист тендер во РЕК Битола се платени 7 милиони евра повеќе од лани