Темен режим Режим на светлина

Приведени двајца крадци во Скопје, не стасале да ги потрошат украдените пари

Две лица се приведени поради кражба во Скопје, соопшти полицијата.

МВР соопшти дека по преземени оперативни мерки и активности од страна на полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар, на 25.11.2022 лишени од слобода биле Џ.М.(18) и Д.М.(20) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека истиот ден на Кеј “Димитар Влахов“ во Скопје извршиле разбојничка кражба врз С.Б.(26) и му одзеле пари. -По лишувањето од слобода, кај нив бил пронајден нож на преклопување, како и пари во различни апоени, а кои што потекнувале од извршеното кривично дело, се наведува во соопштението.

По насоки на надлежен обвинител од ОЈО Скопје од страна на оштетениот и уште едно лице сведок било извршено препознавање, а по целосно документирање на случајот против осомничените ќе биде поднесена кривична пријава по член 238 од КЗ на РСМ

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

ВМРО-ДПМНЕ: За ист тендер во РЕК Битола се платени 7 милиони евра повеќе од лани

Следна објава

Крстосницата кај скопска „Мавровка“ утре ќе биде блокирана со 30 автобуси на приватните превозници