„Слава на урина“ наместо „Слава на Украина“, Зеленски пречекан со голем гаф во Њујорк

САД силно ја помага Украина во војната со Русија. Токму деновиве украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот американски колега Џо Бајден се договараат заедно да произведуваат оружје. Томку деновиве светот ги слушаше нивните говори во Обединетите Нации.

Но, на самите улици во Њујорк еден билборд ја „растури“ работата.

Станува збор за неверојатен пропуст направен во форма на поздравна порака во центарот на Њујорк. Имено, на огромниот дигитален билборд наместо „Слава на Украина“ се појави пораката „Слава на урината“.

Компанијата која управува со билбордот објасни дека грешката била предизвикана од интелигентен систем кој автоматски го коригирал зборот „Украина“ во слична форма – урина.

Претходна вестТешко повреден малолетник во Струга, го удрил малолетен мотоциклист
Следна вестЗначајно поевтинија становите и куќите во Германија