Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против 32-годишниот Н.И. од село Косевица, општина Македонска Kаменица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење“, извести МВР.
-На 15.01.2024 во Делчево, пријавениот следел жена од Делчево, додека на 30.12.2023 тој ѝ напишал порака на социјалните мрежи со вулгарна и заканувачка содржина и телефонски ја вознемирувал, соопшти МВР.