Следуваат потопли денови

Времето во текот на денот ќе биде претежно сончево и потопло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 28 степени.

 Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре утринските температури ќе бидат многу ниски и на некои од повисоките места ќе се спуштат и до 0 степени, а преку денот сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

 До понеделник ќе преовладува стабилно време со значително повисоки дневни температури. Од вторник и во следните два дена времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Дневните температури ќе бидат во опаѓање.

Претходна вестМВР пет години не ја открило дрогата во возилото – Црногорците тоа го направија со рутинска проверка
Следна вестСкопјанка за 20-тина дена извршила шест кражби – се претставувала како медициска сестра и попишувач