Словачкиот премиер Роберт Фицо повеќе не е во животна опасност откако вчера беше застрелан повеќекратно во обид за атентат, изјави вицепремиерот.
Томаш Тараба за Би-Би-Си изјави дека операцијата на Фицо поминала „добро“ и дека на крајот се очекува да преживее. Претходно министерот за одбрана изјави дека Фицо „се бори за живот“ откако беше тешко повреден во нападот во градот Хандлова.
Осомничениот е уапсен на местото на престрелката.
Министерот за внатрешни работи, Матус Сутај Естока, го опиша како политички мотивиран обид за атентат.
По пукањето, Фицо итно бил пренесен во болница и поминал неколку часа на операција „борејќи се за својот живот“, рече министерот за одбрана Роберт Калинак, кој зборуваше на прес-конференција пред болницата во која Фицо се лекуваше.
Оттогаш нема официјално ажурирање за состојбата на премиерот, но неговиот заменик изјави за Би-Би-Си дека г-дин Фицо „во моментов не е во животна опасност“.
-Колку што знам, операцијата помина добро и претпоставувам дека на крајот ќе преживее, изјави Тараба.