Поранешниот словенечки претседател Борут Пахор го продаде својот автомобил Рено 4 од 1991 година за 60.000 евра, а парите ќе ги донира на две институции кои се грижат за деца заболени од рак.
Автомобилот го купил за 500 евра, а го продал за 120 пати поскапо. Повод за продажбата бил меѓународниот ден за деца заболени од малигни болести кој се одбележа на 15 февруари.
– Тоа се многу пари за добра цел, рече Пахор и им се заблагодари на сите што учествуваа во проектот.