Словенечкиот Уставен суд ја отфрли задолжителната вакцинација

Нема да има задолжително вакцинирање во Словенија. Имено, словенечкиот Уставен суд пресудил дека владиниот декрет со кој се воведува задолжителна вакцинација за државните службеници е неуставен.

Со ова се сопре новото правило за задолжителна вакцинација кое требаше да стапи на сила на 1 октомври. Уставниот суд ја суспендираше владината одлука, откако некои државни службеници, вклучително и полицискиот синдикат, се побунија, објави агенцијата СТА.

Претходна вестТанцов перформанс што не смее да се пропушти: „Јовано, Јованке“ вечерва во МКЦ
Следна вестКој е иноватор, а кој муватор?