Фудбалскиот клуб Вардар промовираше ново зимско засилување, станува збор за 26-годишниот словенечки интернационалец Лука Шушњара.
Шушњара доаѓа од екипата на Валета од Малта, а игра на позицијата лево крило.
Во досегашната кариера има настапувано за екипите на Домжале, Цеље, Мура, Копер, Табор Сежанa, Ролтек Доб (Словенија) Шамбли (Франција) Висла (Полска), Шибеник (Хрватска), Валета (Малта), како и за младиот тим на Аталанта од Бергамо.
Воедно играше и за младинските репрезентации на националната селекција на Словенија.
Во изминатиот период нови фудбалери на Вардар станаа и босанскиот интернационалец Мустафа Мујезиновиќ (играч од средниот ред), Марјан Алтипармаковски (напаѓач) и српскиот дефанзивец Дејан Ѓуриќ.