Приведени двајца дилери на кокаин во Струмица

Денеска Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против 30-годишниот Р.Р. од село Трпејца, општина Охрид и 39-годишниот Г.А. од Радовиш, поради постоење на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, по член 215 од Кривичниот закон, извести МВР.

-На 15.01.2024 година во 23.50 часот во дворно место на хотел во Струмица од страна на полициски службеници од СВР Струмица бил извршен преглед над осомничените, при што кај Р.Р. биле пронајдени две, а кај Г.А. едно ќесе со кокаин. Лицата биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, соопшти МВР.

Денеска полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш, постапувајќи по судска наредба, извршиле претрес во домот во кој престојува Р.Р. во Радовиш, при што била пронајдена дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја, додаваат од МВР.

Лицата се изведени пред Судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.

Претходна вестСловенецот Лука Шушњара е нов фудбалер на Вардар
Следна вестМакедонските ракометари ја совладаа Швајцарија на ЕП