Словенија лансира сателит во вселената, а Македонија ќе ја почека изборната кампања

Словенија е подготвена да лансира сателит во вселената. Но, лошото време во Француска Гвајана го одложи лансирањето на првиот словенечки сателит. Имено, во последен момент беше откажано лансирањето на ракетата носач, која практично во орбитата требаше да ги однесе сателитите наречени Трисат и Немо ХД.

Извршниот директор на „Аријанаспејс“ изјави дека во последен момент се одлучил да не ризикува и да го откаже лансирањето, а причина се детектираните силни висински ветрови.

-Сателитот Трисат се развиваше неколку години, а во неговата изработка учествуваа студенти од Универзитетот во Марибор и стручњаци од приватната словенечка компанија „Скајлабс“ Сателитот ќе орбитира околу земјата на височина од 530 километри. Во функција ќе биде околу шест години, а таму ќе биде со цел да се тестира работата на нано сателити во кои се вградени соларни панели. Ако тестирањето помине успешно тогаш овие панели кои се развиени во Словенија ќе се продаваат во целиот свет, соопштуваат словенечките медиуми.

Засега, во македонските медиуми нема извештаи барем од предизборната кампања каде политичари-визионери ни ветуваат дека и Македонија ќе лансира свој сателит во вселената. Но, има уште време до изборите, да почекаме.

По толку многу, многу километри автопатишта, може со „градење“ и нагоре, кон небото ќе тргнат.

 

Претходна вестГоривата повторно поскапуваат
Следна вестСе потешки последици од вирусот: 12 пациенти починале, 132 лица се новозаразени