Пандемијата е топ тема на сите влади во регионот. Се најавуваат нови мерки. Но, Словенија одлучи засега да не воведува нови ограничувања. Тамошната Влада истакна дека може да се случи наскоро да има мерки доколку не се почитуваат сегашните.
Владата не го прифатила предлогот на епидемиолозите за воведување учење на далечина, но ја прифатила нивната сугестија јавниот сектор и општата економија да работат што е можно повеќе од дома. Тие најавуваат и заострување на контролите на јавниот превоз и училиштата.