Да стартуваме со зони со ограничена брзина од 30 километри на час

Колумна на Пеце Лозанов:

Дали брзиот и динамичен живот, секојдневните обврски, немањето на време, може да биде оправдување за брзото возење? „Брзав да стигнам навреме“ е најчест изговор кај возачите. Изговори за брзо возење нема – бидејќи изведувајќи опасни дејствија во сообраќајот се изложуваме самите себеси во опасност и сите останати учесници во сообраќајот. Што мислите, дали навистина кога брзаме со своето возило заштедуваме на време или тие 5 минути се толку драгоцени да се изложиме во опасност и сите останати учесници во сообраќајот? Се разбира дека НЕ! Запрашајте се кои се придобивките и загубите за брзото возење, колку од возачите, совозачите или учесниците претрпиле сериозни повреди (скршеници, траен инвалидитет, трауми …) или со смртни последици. Дали со брзото возење продуцираме безбеден сообраќај или само го продлабочуваме сообраќајниот хаос и дополнителен метеж?

Во западноевропските држави се гради една „сообраќајна свест“ преку намалување на ограничувањата во населените места т.е. поголемите градови. Ќе ги наведам државите: Шпанија, Франција, Германија … Шпанија во повеќето градови ја намалува брзината во населено од постоечките 50 км/ч на 30 км/ч, додека во старите градови на 20 км/ч, казните се ригорозни изнесуваат 100 до 600 евра, вклучувајќи ги и туристите т.е. доспеваат и во странство, вклучувајќи ја и Македонија. Франција исто така, полека но сигурно ги воведува промените во населените места и тоа најпрво ги воведе во Париз, Лион, Лил … со 30 км/ч, додека остануваат постоечките 50 км/ч само на главните улици. Германија, Брисел го воведе овој новитет и стапи на сила од 1 Јануари за сите делови во градот.

Причината за новите мерки е да се зголеми сигурноста, како и да се намали загадувањето и бучавата. Дали со намалување на брзината во градовите ќе се намалат сообраќајните незгоди? Во мал процент сигурно дека ДА!. Но, би имале енормно намалување на последиците во сообраќајните незгоди бидејќи не е исто да се судрите кога возите со брзина од 50 километри на час и со 30 км/ч. ЕУ става акцент и на помало загадување и бучавата т.е. промоција на алтернативен начин на патување преку користење на јавниот транспорт и особено велосипедот, со намалување на брзината на сите моторни возила, Тука доаѓа и зголемување на безбедноста на патиштата за велосипедистите и пешаците, односно, нивна поголема употреба и пракса.

Подготвена ли е Македонија за овие “драстични“ промени, – искрено не верувам. Номоже да започнеме со делови во населените места во поголемите градови (Скопје, Битола, Куманово, Охрид итн), ограничување на брзината на движење за моторни возила, преку поделба на „Зони“ во населеното место или со поставување на сообраќајните знаци „Зона 30 км/ч“ или „Подрачје на смирен сообраќај“. Акцент би ставил на сообраќајниот знак „Подрачје на смирен сообраќај“, кој во земјава скоро и никаде не се користи.

Претходна вестСега се копаат крипто – валути, а нивите во друга прилика
Следна вестСловенија не воведува нови рестриктивни мерки, препорачува работа од дома