Сме во кампања или не сме?! Кандидатите како во цут на предизборието

Номинираните или објавените кандидати за градоначалници – иако се уште не е почната предизборна кампања – се веќе на терен, меѓу граѓаните во обид да ја добијат нивната поддршка. Сето ова ќе беше апсолутно очекувано, но во кампања, ама по се изгледа кандидатите се буквално цело лето „во кампања“

Еве на пример, само вчера актуелниот и кандат за градоначалник на Скопје, Петре Шилегов беше во посета на Сарај, на маалски средби со граѓаните. Неговата соперничка Данела Арсовска, заедно со кандидатот за градоначалник на Чаир, Беким Сали, беа во оваа скопска населба, во обиколка на парковите, за да утврдат во каква состојба е зеленилото.

Изгледа овој пат политичките партии сфатија оти граѓаните веќе не веруваат на ветувања дадени во кампањи, туку на дела. Ама не дела, на 2-3 месеци пред избори, туку дела од првиот ден во градоначалничкото столче. Сепак, благонаклонетоста на граѓаните не се добива со преплавување на медиумите со информации каде биле, со кого се виделе… туку со напорна работа, конкретни проекти и временски рамки за нивно исполнување. Да, се уште се кандидати и не знаеме дали ќе станат градоначалници, но идентичниот притисок да се наметнат како и сите претходни локални избори, овој пат уште пред кампањата, не значи и загарантиран успех. Но покажува дека се склони на пропаганда.

Претходна вестМакедонија прокоцка водство од 2-0, и одигра нерешено со Исланд
Следна вест29-от по ред Фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ од 8 до 13 септември во Струмица