Додека се навршуваат две години од руската инвазија врз Украина, украинскиот претседател Володимир Зеленски се одлучил за нови промени во воениот врв. Овој пат сменет е Валериј Залужни, главниот на војската.
Ова го коментираат од САД:
– Украинскиот претседател Володимир Зеленски има право да избере кој ќе ја предводи украинската војска, а САД ефективно ќе соработуваат со неговиот нов воен командант, истакна неименуван член од Пентагон.
Се огласи и официјален преставник на САД.
-Претседателот Зеленски е претседател на неговата земја и Украина, за разлика од Русија, има демократска цивилна контрола врз војската, рече Селест Валандер, помошник на министерот за одбрана за меѓународна безбедност во Пентагон..
Зеленски го унапреди генерал-полковник Олександр Сирски, командант на копнените сили, кој ќе го замени Валериј Залужни, поранешен врховен командант на вооружените сили. Валандер го нарече Сирски „искусен, успешен командант“.
Инаку, Зеленски и сега веќе разрешениот Залужни во последно време беа во голем судир и недоразбирање, особено откако не успеа многу најавуваната „украинска контраофанзива“ која требаше да ги порази Русите.