Џафери не стигна целосно да се израдува – мора реконструкција на Владата да прави

По тринаесет дена откако е избран за технички премиер со мандат од 100 дена, Талат Џафери денеска од македонскиот парламент очекува да му изгласаат мини-реконструкција на Владата. Ќе менува двајца министри.

Ова сигурно ќе влезе во гинисовата книга на рекорди. Во делот – верувале или не?

На пратеничкото гласање ќе се види дали Џафери за тоа ќе има мнозинство. Па така, ако се собере 61 глас, ќе има смени во ресорите за здравство и во информатичко општество на местата на Фатмир Меџити и на Азир Алиу ќе седнат Илир Демири и Наим Бајрами.

Колку е ова сериозна работа?

На новите министри им остануваат осумдесетина дена да ги извршуваат новите функции, да обезбедуваат редовно работење, завршување на тековни обврски, на планирани проекти… Може ли новите министри за толку кусо време да го постигнат тоа?

Очигледно, политичките потреби на владеачкото мнозинство се посилни од логиката. Од таа причина, редовното функционирање и унапредувањето на работата во овие владини ресори како да се става по страна.

Колку од сето тоа ќе трпат и потребите на граѓаните останува да се види. Среќа ова е само техничка влада со многу краток мандат.

Ама никогаш не се знае, може ќе има уште реконструкции?

Претходна вестСменет главниот војник во Украина: Пентагон за новиот шеф вели дека е успешен командант
Следна вестДенеска од 11 до 17 часот блокада на меѓународниот сообраќај на граничниот премин Меџитлија