ММА борец е убиен со нож во центарот на Белград

Српскиот репрезентативец Стефан Савиќ (23) е убиен во ноќта меѓу саботата и неделата на улицата Дунавска, Дорќол во центарот на Белград, кога непознато лице со остар предмет го прободело во градите, јавува Телеграф.рс.

Да потсетиме, ова е еден од трите одвоени напади со нож што се случија синоќа во Белград.

Друг млад човек С.М. кој бил во друштво со починатиот Савиќ се здобил со убодни рани во пределот на градниот кош и левата натколеница. Двајцата млади момчиња биле пренесени во Итна помош, но Савиќ им подлегнал на повредите.

Како што пишува Телеграф, околу 01:00 часот брзата помош во Ургентниот центар донела двајца мажи, родени 2001 и 1992 година, кои се здобиле со убодни рани на улицата Дунавска. Тие биле нападнати од две непознати лица, од кои едното со нож ги повредило и двајцата. Савиќ починал, додека на другиот млад човек му биле констатирани тешки физички повреди и полесни физички повреди.

Починатиот Савиќ беше репрезентативец на Србија и бронзен медал на Светското првенство во ММА.

Претходна вестДИК: Заклучно со вчера потпишани 14.360 граѓани, најмногу потписи за Османи, Димитриевски и Ванковска
Следна вестВељановски: Сите документи со валиден датум се важечки за гласање, ДИК така одлучи и во 1998 година