Полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 86-годишен скопјанец по претходна пријава дека вчера околу 11:15 часот во парк на подрачјето на Ѓорче Петров се однесувал непристојно кон 15-годишна малолетничка и барал да го допира по телото. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Вчера пак во СВР Скопје, 35-годишна жена од Скопје пријави дека во периодот од март 2026 до денот на пријавата, нејзината 12-годишна ќерка под закана преку мобилна апликација испраќала експлицитни фотографии и видеа на малолетник. Полицијата презема мерки за расчистување на овој случај.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:


