Во Скопје променливо облачно со јужен ветар, во делови од Македонија ќе има дожд

Времето денеска во Скопје и околината ќе биде променливо облачно и релативно топло со умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне 18 степени.

Во останатиот дел од Македонија ќе биде променливо облачно и релативно топло со слаб локален дожд. Ќе дува умерен, а во источните делови и во Пелагонија засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени, информираат од УХМР.

Температурите утрово се 0 Берово, Попова Шапка, 3 Лазарополе, 4 Гевгелија, 5 Маврови Анови, Крушево, 6 Струмица, Кавадарци, 7 Претор, Прилеп, 8 Тетово, Битола, Дојран, 9 Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Куманово, 10 Виница, Велес, 11 Скопје-Петровец, Крива Паланка, 12 Штип, Демир Капија.

Претходна вестВласта е без нужното достоинство пред странци, може ли тоа да се поправи?
Следна вестБраво, од четврто одделение вежба природни науки и стаса до олимписка бронза во Тајланд