Денеска од 11 до 17 часот блокада на меѓународниот сообраќај на граничниот премин Меџитлија

Најавита на грчките земјоделци за блокада на граничните премини се оствварува. Земјоделците од северниот дел на Грција, денеска од 11 до 17 часот по македонско време, целосно ќе го блокираат премин Ники на грчка страна.

Блокадата на граничниот премин Ники, исто времено значи дека нема да биде во функција и граничниот премин Меџитлија, односно македонските граѓани нема да имаат можност да патуваат во соседна Грција се до завршување на блокадата за секаков вид патнички и товарни моторни возила. За ова, грчките погранични служби ги известиле македонските погранични служби.

Деновиве земјоделците од северозападна Грција со тракторите протестираа без целосно затворање на сообраќајот, но денеска меѓународниот сообраќај на македонско-грчката граница од 11 до 17 часот, од грчкото село Ники, ќе биде затворен кон внатрешноста на Грција.

Во посочениот термин ќе биде запрен и сообраќајот за камиони кои пренесуваат лигнит кон нашата земја.

Претходна вестЏафери не стигна целосно да се израдува – мора реконструкција на Владата да прави
Следна вестПознат распоредот на Македонија во Лигата на Нации