Познат распоредот на Македонија во Лигата на Нации

Вчера, доцна попладнето се одржа ждрепка за Лигата на нации. Избраниците на Благоја Милевски имаат група каква што можеа само да посакаат.

Македонија е во Лига Ц, а се најде во Групата Ц4. За противници ќе ги има селекциите на Ерменија, Фарски Острови и Летонија. Ова се секако противници по мерка и се освен прво место во групата би претспавувало големо разочарување.

Воведното коло ќе се игра на почетокот на септември, а завршното во ноември. Четвртфиналните дуели се на програмата од 20 до 25 март, а завршниот турнир од 4 до 8 јуни 2025 година.

Лигата на Нации стартува во септември, а тој месец на 7-ми Македонија стартува со натпревар на гости против Фарски Острови. Последниот натпревар го играме на 11-ти ноември исто така против Фарски Острови, но на домашен терен.

Претходна вестДенеска од 11 до 17 часот блокада на меѓународниот сообраќај на граничниот премин Меџитлија
Следна вестНова најава за реконструкција на Универзална сала