Поранешниот претседател на Венецуела, Николас Мадуро, кој моментално се наоѓа во затвор во САД, ја дели затворската ќелија со уште 18 затвореници, открил неговиот син Николас Мадуро Гера во интервју за германскиот магазин „Шпигел“.
Според него, во истата заедничка ќелија накратко бил сместен и американскиот рапер Текаши, кој бил приведен поради прекршување на условите од условното помилување.
Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес беа уапсени од американски сили во Каракас на почетокот на јануари, по што беа префрлени во Њујорк. Тие се соочуваат со обвиненија за нарко-тероризам и шверц на кокаин во САД, обвиненија кои поранешниот венецуелски лидер ги негира.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
