Сменет главниот војник во Украина: Пентагон за новиот шеф вели дека е успешен командант

Додека се навршуваат две години од руската инвазија врз Украина, украинскиот претседател Володимир Зеленски се одлучил за нови промени во воениот врв. Овој пат сменет е Валериј Залужни, главниот на војската.

Ова го коментираат од САД:

– Украинскиот претседател Володимир Зеленски има право да избере кој ќе ја предводи украинската војска, а САД ефективно ќе соработуваат со неговиот нов воен командант, истакна неименуван член од Пентагон.

Се огласи и официјален преставник на САД.

-Претседателот Зеленски е претседател на неговата земја и Украина, за разлика од Русија, има демократска цивилна контрола врз војската, рече Селест Валандер, помошник на министерот за одбрана за меѓународна безбедност во Пентагон..

Зеленски го унапреди генерал-полковник Олександр Сирски, командант на копнените сили, кој ќе го замени Валериј Залужни, поранешен врховен командант на вооружените сили. Валандер го нарече Сирски „искусен, успешен командант“.

Инаку, Зеленски и сега веќе разрешениот Залужни во последно време беа во голем судир и недоразбирање, особено откако не успеа многу најавуваната „украинска контраофанзива“ која требаше да ги порази Русите.

Претходна вестШвајцарска компанија хакирана со помош на 3 милиони четки за заби?
Следна вестЏафери не стигна целосно да се израдува – мора реконструкција на Владата да прави