Темен режим Режим на светлина

Свеж бран над Македонија: Нестабилно време во следните два дена

Променливо облачно со локални врнежи од дожд Променливо облачно со локални врнежи од дожд

Македонија и понатаму ќе биде под влијание на посвежа воздушна маса која продира од северозапад, па времето денеска и утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и повремен локален дожд.

Во попладневните часови се очекува локален развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Вакви услови ќе има и во делови од Скопската Котлина.

Денеска ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, додека утре се очекува умерен, а повремено и засилен ветер од југозападен правец.

Утринските температури ќе се движат од 6 до 13 степени, а максималните дневни ќе бидат пониски и ќе достигнат од 18 до 26 степени.

Во Скопје и околината утринската температура ќе се движи меѓу 7 и 10 степени, додека дневната ќе достигне од 24 до 26 степени.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Има ли ревизија за работењето на поранешната градоначалничка Данела Арсовска?

Има ли ревизија за работењето на поранешната градоначалничка Данела Арсовска?

Следна објава
Замор, главоболка и сува кожа – знаци дека ви недостасува вода

Прекин на водоснабдување во повеќе скопски улици