Темен режим Режим на светлина

Прекин на водоснабдување во повеќе скопски улици

Замор, главоболка и сува кожа – знаци дека ви недостасува вода Замор, главоболка и сува кожа – знаци дека ви недостасува вода

Од ЈП Водовод и канализација – Скопје информираат дека денеска, 14 мај, поради дефект на затворач со пречник од 300 милиметри на улицата Женевска, кај последна „24-ка“, ќе има прекин во водоснабдувањето во повеќе делови од главниот град.

Без вода ќе останат корисниците од улиците Женевска, Партизанска крак 1, дел од Софиска, Бриселска, Петар Драганов, Његошева, Стокхолмска, Гаврил Лесновски, како и дел од булеварот Партизански одреди на потегот од мостот ОН до Московска.

Прекинот во водоснабдувањето ќе започне од 09:00 часот и ќе трае сè до завршување на санацијата на дефектот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Променливо облачно со локални врнежи од дожд

Свеж бран над Македонија: Нестабилно време во следните два дена

Следна објава
Планиран прекин на струја во Центар, познати улиците и терминот

Прекини на електрична енергија во Гази Баба и Волково