Голема драма во Далмација: Евакуиран хотел во Сплит поради истекување хлор, има повредени лица

Голема драма се случила денес на пладне во туристичката област Далмација. Поточно, околу 12:20 часот во просториите на хотелот во Сплит најверојатно имало истекување на хлор во просториите поврзани со базенот.

Едно лице е пренесено за укажување лекарска помош, пишува Далмација данас.

Пожарникарите и полицијата се на терен поради испарување и ширење на мириси. Во тек е евакуација на луѓето од хотелот, соопштија од ПУ Сплит-Далмација.

Претходна вестРеакциите имаа ефект: Бектеши најавува репреговарање со еден од четирите инвеститори во енергетиката
Следна вестДУИ си поставува двајца нови министри, за досегашните АА не побара да бидат разрешени, вели Снопче