Сменета директорката Милена Стевановиќ, со Инфективна ќе раководи Фадил Цана од АА

Инфективната клиника има нов директор, информираа вчера од Министерството за здравство. На досегашната директорка д-р Милена Стевановиќ за нов директор е назначен д-р Фадил Цана, инфектолог на клиниката.

Засега нема официјални информации зошто е сменета Стевановиќ, кадар од редовите на СДСМ, која раководеше со клиниката седум години.

Цана е кадар од Алијанса за Албанците.  Тој ја извршуваше функцијата претседател на УО на Фондот за здравство, а неговото име се споменуваше и за министеркото место.

Претходна вестСончево со мала до умерена локална облачност
Следна вестЕвакуирани петмина турски државјани кои се изгубиле на Водно