Сметководител се потпишувал како нотарка и „заработил“ 11 милиони денари

Сметководител од Скопје со фалсификување на потписот на нотарка за која работел „заработил“ речиси 11 милиони денари.

Истрагата на скопското Обвинителство покажала дека тој три и пол години (од 28.04.2016 година до 28.11.2019 година) го фалсификувал потписот од нотарката на 211 налози за пренос на парични средства.

Парите ги „заработувал“ со тоа што прво ги префрлал од оперативни сметки на нотарката од повеќе различни банки, на банкарска сметка која нотарката ја имала во една банка, каде имала сметка и неговата сопруга на која тој потоа го префрлал и ги подигал како овластен потписник.

Претходна вестПовторно се гради кај „Мавровка“ – тест за решеноста на власта за борба против криминалот
Следна вестГи праша ли општината граѓаните дали сакаат голф терени во Аеродром?