Повторно се гради кај „Мавровка“ – тест за решеноста на власта за борба против криминалот

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу најавува дека доколку сопственикот на објектот пред „Мавровка“ со новата градба излезе од рамки на претходниот кој изгоре во пожар, тој ќе биде урнат.

Локалната власт на Чаир потсетува дека тој има законско право да го врати во првобитната состојба објектот што изгоре, ни метар повеќе.

– Бидејќи неколку дена работеше, ние со нашиот инспекторат ги прекинавме работите и додека тој не го донесе истиот проект за објектот каков што бил, нема да дозволиме да работи ни квадратен метар од тој објект, изјави денеска Ганиу.

Од пред извесно време пред „Мавровка“ на местото на некогашниот угостителски објект повторно се гради.

Случајот предизвика внимание во јавноста со тоа што веднаш по пожарот во мај лани почна да се гради објект со бетонска, наместо со челична конструкција како што беше првобитниот, но општината, не интервенираше бидејќи никој не се јави на тендерот за уривање. Порад тоа, надлежноста ја презеде Влада, а багерите на ЈП  за патишта ја урнаа.

Поради сите перипетии, дивоградбата доби статус на „национален приоритет“. Сега објектот повторно ја става на тест решеноста на власта за борба против криминалот.

Претходна вестАкадемици до Царовска: Реформата е потребна, но претпазливо со предметот историја
Следна вестСметководител се потпишувал како нотарка и „заработил“ 11 милиони денари