Времето денеска, облачно со услови за дожд

Времето денеска ќе биде претежно облачно, од пладневните часови на запад, а потоа и во останатите делови од земјата ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни. На планините на запад ќе врне снег.

Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, особено вдолж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени.

Во Скопје променливо облачно. Од пладневните часови ќе има повремен дожд проследен со умерен до краткотрајно засилен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне 10 степени.

Претходна вест„Патишта на хероите“ на МНТ во завршна фаза
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: СДСМ сака политички попис