Четириесет и пет годишниот С.М. со алат и употреба на сила, извршил две кражби во продажни објекти во Велес. Полициски службеници од СВР Велес во текот на вчерашниот ден го лишиле од слобода штипјанецот.
– Во текот на вчерашниот ден полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода штипјанецот С.М. Тој се сомничи дека извршил две тешки кражби во два деловни објекта во Велес. Со употреба на сила и подесен алат тој влегол во продажни објекти при што одзел пари и други производи, наведено е во соопштението на МВР.
Осомничениот е приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.