Со автомобил удрено 12 годишно дете во Карпош, возачот избегал

Возач со автомобил во текот на вчерашниот ден удри во дете во близина на студентскиот дом „Гоце Делчев“, по што го напушти местото на несреќата.

Се работи за 12 годишно момче, кое се здобило со полесни повреди во ногата.

Од СВР Скопје за „Макфакс“ потврдија дека несреќата се случила на крстосница од улиците „Московска“ и „Женевска“, а случајот бил пријавен вчера во 15 часот.

Пешакот потоа бил пренесен на Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Полицијата извршила увид на местото и трага по возачот на автомобилот.

Претходна вестШтета што Универзалната сала не може да прозбори, ама барем зналци сега да зборуваат како понатаму
Следна вестВо сообраќајка повредени осум лица, еден од возачите имал 17 години