Во сообраќајка повредени осум лица, еден од возачите имал 17 години

Вкупо осум лица се повредени во вчерашна сообраќајка кај кичевското село Лисичани, соопшти полицијата.

МВР информира дека вчера околу 23:45 часот на локалниот пат од с.Лисичани за с.Пласница во близина на с.Лисичани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со регистарски ознаки од Македонски Брод, управувано од 17 годишник од Македонски Брод и патничко возило „опел астра“ со регистарски ознаки од Македонски Брод управувано од Н.Н.(19) од с. Лисичани-кичевско, информира МВР.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Н.Н., а со телесни повреди се здобиле малолетниот возач и шест сопатници од двете возила, констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево, соопшти полицијата.

Претходна вестСо автомобил удрено 12 годишно дете во Карпош, возачот избегал
Следна вестУапсен Мароканец, украл камион од Кочани