Уапсен Мароканец, украл камион од Кочани

Државјанин на Марокот вчера е уапсен поради сомневање дека извршил кражба на возило, информриа полицијата.

МВР наведува дека на 09.04.2024 во 22.25 часот полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Сопот во с.Лојане на место викано Миратовски пат поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „одземање на моторно возило“ го лишиле од слобода А.Е.(31) од Мароко.

-Претходно, за товарното возило „мерцедес“ со кочански регистарски ознаки во Полициската станица Кочани било пријавено дека било одземено од непознато лице. По насоки од јавен обвинител лицето и возилото ќе бидат предадени на полициски службеници од Полициската станица Кочани за понатамошна постапка, соопшти полицијата.

Претходна вестВо сообраќајка повредени осум лица, еден од возачите имал 17 години
Следна вестВанковска: Ги раскинуваме трите договори што влечат надолу